fbpx

МОН ќе додели стипендии на 745 ученици

-

Министерството за образование и наука ќе додели 745 стипендии за учениците од државните и од приватните средни училишта.

Од нив, 400 стипендии се наменети за социјална поддршка на учениците, 80 за деца без родители, 50 за ученици со посебни потреби, 150 стипендии ќе бидат доделени за талентирани ученици – спортисти, 50 за талентирани ученици и 15 за учениците од угостителско-туристичка струка.

Сите кандидати треба да се редовни ученици, да не ја повторувале годината, да не користат друга стипендија и да се државјани на Република Македонија. Покрај општите критериуми, за секоја група стипендии се пропишани и одредени услови што треба да ги исполнат учениците што ќе аплицираат.

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска на прес-конференција информираше дека конкурсот е веќе објавен и оти ќе биде отворен до 15 ноември.

– Заинтересираните кандидати сите дополнителни информации можат да ги најдат на порталот konkursi.mon.gov.mk, каде што е поставена електронската пријава. Рокот за аплицирање е од 3 ноември до 15 ноември 2015 година. Резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.gov.mk на 14 декември – појасни Адеми.

Стипендииите наменети за социјална поддршка ќе изнесуваат 2.200 денари месечно, за децата без родители – 2.750 денари, а исто толкав паричен надомест ќе добијат и учениците со посебни потреби. Талентираните ученици – спортисти и талентираните ученици ќе добијат стипендија во висина од 2.970 денари месечно, а за учениците од угостителско-туристичка струка ќе бидат доделени стипендии од 2.200 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...