Автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско, од денеска до 6 ноември, во периодот од 5 до 18 часот, ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на францускиот филм „А фонд“.
Сообраќајот, како и досега, ќе се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.