fbpx

Вчера издадени потврди на вкупно 3.702 мигранти

-

Вчера, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.702 мигранти, кои на територијата на земјава влегле од Грција.

Најголем број од вчера регистрираните мигранти се сириски државјани, вкупно 2.313 лица, од Авганистан се 961 лице и од Ирак се 177 луѓе.

Од средината на јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, до денеска, според податоците на МВР, вакви документи им се издадени на вкупно 203.940 мигранти.

Од нив, според МВР, најбројни се државјаните на Сирија (132.219), потоа на Авганистан (41.195), Ирак (15.671), Пакистан (4.327), Иран (3.534), Палестина (1.739), Сомалија (1.044), Бангладеш (938), Конго (498), Нигерија (258), Камерун (225) и на Еритреја (212).

Во текот на вчерашниот ден, до Одделението за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил, со што бројот на мигранти што побарале да останат во земјава останува 70 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...