fbpx

Северна Кореја копа тунел за нуклеарни проби

-

Властите на Северна Кореја копаат нов тунел на место предвидено за нуклеарни тестирања, објавија денеска локалните медиуми, повикувајќи се на неименуван претставник.

Пјонгјанг на 20 октомври најави дека се подготвува за уште една нуклеарна проба, напоменувајќи дека тестот не е опасен.

Откако се повлече од спогодбата за нуклеарно оружје, ратификувана во 1985 година, Северна Кореја во 2003 година повторно им се придружи на САД, Русија, Кина, Јапонија и на Јужна Кореја во преговори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Пјонгјанг потоа се повлече од преговорите и себеси се прогласи за нуклеарна сила во 2005 година и изведе нуклеарни проби во 2006, 2009 и во 2013 година.

Властите на Северна Кореја никогаш не објавија колку нуклеарно оружје поседува.

Нуклеарните активности на Северна Кореја се предмет на меѓународна осуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...