fbpx

Рочиштето „Пуч“ одложено за 13 ноември

-

Судското рочиште за „Пуч“ повторно е одложено, за 13 ноември во 10 часот. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не се појави на рочиштето, но неговиот адвокат Филип Медарски приложи доказ дека тој е на претходно договорен состанок со меѓунареден инвестициски фонд за развој.

По завршувањето на рочиштето, адвокатот на Зоран Верушевски, Ангеле Илиевски, рече дека не се знае дали и наредното рочиште ќе се одржи.

– Сè зависи од власта. Ако тие престанат со опструкции на специјалниот јавен обвинител и ѝ го комплетираат тимот, за да може да го преземе случајот „Пуч“, тогаш процесот ќе може да продолжи – рече Илиевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...