fbpx

Вечерва во Тетово почнува фестивалот на новиот германски филм

-

Со трилерот „Роден во болка“, кој вечерва во 20 часот ќе биде прикажан во Центарот за култура во Тетово, почнува 11. издание на фестивалот на новиот германски филм.

Фестивалот, кој е во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“ и на Амбасадата на Германија во Скопје, ќе трае три дена.

Ќе бидат прикажани вкупно шест филма, со превод на македонски и на албански јазик.

Утре и задутре проекциите на филмовите ќе бидат во Центарот за балканска соработка „Лоја“. Утре во 18 часот, ќе биде прикажана драмата „Феникс“, а за во 20 часот е закажана проекција на трилерот „Хакери“.

В четврток ќе бидат прикажани два детски филма. Во 16 часот младата публика ќе има можност да го гледа филмот „Лола на грашакот“, а во 20 часот ќе се емитува детскиот филм „Спасете го Рафи“.

Фестивалот ќе заврши со филмската комедија „Триста збора германски“, кој ќе биде премиерно прикажан во 20 часот.

Сите филмски проекции се од новата германска продукција и ќе се емитуваат бесплатно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...