fbpx

Изралескиот „Аркија флај“ ќе отвори чартер-летови кон Охрид

-

Изралескиот „Аркија флај“ ќе отвори чартер-летови кон Охрид, од почетокот на јуни 2016 година, потврди генералниот директор на „Аркија интернејшнл“, Дуду Макхлаб, на состанок со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски.

Планирани се два чартер-летови неделно, а во моментов се проверуваат сместувачките капацитети низ Македонија, по што се очекува да се склучат договори за сместување на туристите од Израел во наредните три недели.

Интернационалниот превозник „Аркија“ има конекции со 34 земји и повеќе од 600 туристички агенции лоцирани во најголемите метрополи во светот.

Од европските дестинации, „Аркија“ лета во Италија, Ирска, Англија, Бугарија, Грузија, Германија, Данска, Холандија, Турција, Унгарија, Грција, Јордан, Словенија, Шпанија, Чешка, Франција, Кипар, Хрватска, Романија, Шведска, Швајцарија, Азербејџан, Русија, Полска, Украина, Норвешка, Финска, Ерменија, како и кон Сејшели и кон Танзанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека компанијата зад ChatGPT дава приоритет на „напредни производи“ место на безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели,...