Инцидентот во кој руски авиони случајно го повредиле воздушниот простор на Турција е искористен за НАТО да се вклучи во медиумска војна против руските антитерористички операции во Сирија, изјави рускиот амбасадор во НАТО, Александар Грушко.
– Кампањата има цел да ја наруши и да ја искриви претставата за целите на операциите што руските воздухопловни сили ги спроведуваат во Сирија – рече Грушко, додавајќи дека НАТО ги игнорирала објаснувањата на Москва за инцидентите.
– Сите обиди да се објаснат причините за овој инцидент наидоа на неразбирање бидејќи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја опиша ситуацијата како „неприфатливо нарушување на турскиот воздушен простор“ – истакна рускиот амабасадор.
Русија вчера призна дека нејзин борбен авион го нарушил воздушниот простор на Турција. Руското министерство за одбрана соопшти дека инцидентот се случил поради лошите временски услови.
Поврзани написи
Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина
На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...
Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај
Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...
Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина
Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“.
Додека неговата армија напредува...
Нашите вести во вашето сандаче
Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“
Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...