fbpx

Партиите во Битола тргнаа во битка за пратеници

-

Шест месеци пред парламентраните избори, додека партијата на власт ги брои и ги пребројува потенцијалните гласачи, опозиционерите почнуваат со формирање штабови, нови кадровски решенија и со решавање на техничките и организациски проблеми.

Либералдемократите во Битола избраа нов локален лидер, а СДСМ го крои новиот предизборен партиски штаб.

Иако е вообичаено првиот човек на партискиот штаб да биде локалниот лидер на партијата, дознаваме дека поради акумулација на функции, наместо пратеникот Васко Ковачевски, на чело на штабот, социјадемократите ќе избираат сосема нова личност. Но, Ковачевски ќе остане претседател на општинската организација.

Во исто време, се лобира и чие име ќе биде запишано на листата на пратеници од Битола. Познавачите на состојбите велат дека сè уште е неизвесно дали лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во Битола повторно ќе трча со актуелните пратеници, Васко Ковачевски и Јулијана Силјановска, или, пак, ќе настапи со нови лица.

Либералдемократите во Битола за нов лидер на општинската организација го избраа советникот Александар Касапов, бидејќи досегашниот, Валентин Греувски, заминува на повисока партиска позиција како член на извршниот одбор на партијата. Ако остане актуелениот изборен модел, неизвесно е дали претседателот на ЛДП, Горан Милевски, како битолчанец, ќе влезе на листата во петтата изборна единица или, пак, ќе биде кандидат за пратеник во првата изборна единица.

Битката за пратеничко место е одамна почната и во партијата на власт во Битола. Дел од првите луѓе на општинскиот комитет лобираат со месеци наназад и се промовираат во помалите општини. Деновиве на трибини за земјоделство во трите пелагониски општини, Новаци, Могила и Битола, особено активна меѓу земјоделците е актуелната пратеничка Лилјана Кузмановска, која го одработува вториот мандат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...