fbpx

И амнестијата и аболицијата биле споменати на лидерските средби

-

На лидерските средби и преговорите што се водеа во Клубот на пратениците и во Пржино, станало збор и за аболиција и за амнестија.

Како што вчера изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за ова се разговарало сè до 15 јули.

– Темата амнестија и аболиција беше на дневен ред во овие преговори сè до 15 јули. Некаде во март-април, таа беше целосно извадена од дневен ред. Ако има амнестија или аболиција за некого, тогаш Македонија ја пуштиме низ вода. Тоа не му е никому од корист. Ако некој се огрешил пред законот, без разлика дали се вика Груевски, Заев, Мијалков, не знам, кој било, треба да одговара докрај. Истовремено, знаете дека доказите што ќе ги доставиме до Обвинителството, се нова индиција или слушнат глас за отварање и на нови кривични постапки. Тука е и Заев со телефонските разговори, тука е и Груевски. Секој кој се огрешил по закон, а за кој Специјалното јавно обвинителство ќе потврди дека има индиции да отвори истрага и да обезбеди докази, треба да го гони, почнувајќи од Заев и од Груевски, па натаму – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...