fbpx

„Цивил“: Специјалната обвинителка веднаш да се зафати со предметите за тешки злоупотреби и за криминал

-

Невладината ЦИВИЛ го поздравува изборот за Специјална јавна обвинителка на која и посакуваат многу храброст и среќа да се соочи со тешките предизвици кои се пред неа.

„Специјалната јавна обвинителка мора веднаш да се зафати со предметите за тешки злоупотреби и за криминал, кои се поврзани или произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Но, не смее да се заборави и безбедносната криза во Куманово на 9 и на 10 мај годинава, за која постојат индиции дека во неа се инволвирани високи државни функционери. Изминува петтиот месец од оваа трагедија, но сомнежите останаа. Ги потсетуваме преговарачите дека сѐ уште се чекаат одлуки за реформи и измени во областа на Изборниот законик, на Државната изборна комисија, на Избирачкиот список, како и долгата низа обврски што ги презедоа во оваа област. Констатираме дека ни оддалеку не се преземени никакви чекори во овие области, поради опструкциите од „една од најголемите партии“, како што рече меѓународниот посредник Питер ван Хојте. Со тоа, целиот процес се доведува во сериозен ризик, а најмногу барањата за обезбедување услови за слободни избори“, се вели во соопштението од невладината организација „Цивил“.

Од организацијата велат дека не се преземаат никакви чекори за кревање на медиумскиот мрак што владее со земјата, а медиумската манипулација, говорот на омраза, задушувањето и дискредитацијата на критичката мисла во земјата продолжуваат со несмалено темпо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...