fbpx

Пронајдени остатоци од индонезискиот авион

-

Жителите на провинцијата Папуа на крајниот исток на Индонезија ги известиле властите дека пронашле остатоци од авионот за кој тврдат дека се срушил во таа област.

Ова го изјавил официјален преставник на авиокомпанијата „Тригана“ откако нивен авион со 54 патници и членови на екипажот денес исчезна од радарот.

Оперативниот директор, Бени Сумарјанто, изјавил дека компанијата добила извештај за падот на авионот од едно село во планинска област и додал дека спасувачките тимови утре ќе ја истражат таа област.

Информацијата ја потврди и генералниот директор за авиосообраќај при индонезиското министерство за сообраќај кој рекол дека според изјавите на очевидци авионот удрил во планина.

Потрагата за исчезнатиот авион беше прекината поради мракот и лошите временски услови.

Авионот на индонезиската компанија „Тригана“ во кој се наоѓале 54 патници и членови на екипажот, денес изгубил контакт со контролорите на летање набргу по неговото полетување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...