fbpx

ДУИ до крајот на август очекува договор за изборниот закон и за специјалниот обвинител

-

Демократската унија за интеграција (ДУИ) очекува до крајот на август политичките партии да постигнат договор околу прашањата за изборниот закон и за специјалниот јавен обвинител и потоа со консензус да бидат усвоени во Собранието, по враќањето на опозцијата, на почетокот на септември, било истакнато на денешната средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и новоименуваниот амбасадор на Албанија во земјава, Фатос Река, што се одржала во седиштето на ДУИ во Тетово.

На средбата, како што соопштуваат од ДУИ, било разговарано за политичките случувања во Македонија, односите меѓу Скопје и Тирана, евроатлантската интеграција, Охридскиот договор, етничките односи и ситуацијата во Тетово по поплавите.

„ДУИ се надева дека страните ќе постигнат договор за овие две прашања до крајот на август за потоа да бидат консензуално усвоени во парламентот по враќањето на опозицијата на почетокот од септември“, стои во соопштението на ДУИ по средбата.

Состаноците на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино треба да продолжат в понеделник следната недела.

Меѓу другото, како што информираат од ДУИ, Ахмети на средбата со новиот амбасадор на Албанија, истакнал дека „Тирана и Скопје треба да работат поинтензивно кон усогласување и спроведувањето на билатералните договори, бидејќи тоа претставува заеднички интерес на нашите граѓани“.

Амбасадорот Река, пак, нагласил дека Албанија „силно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија, како и целосната имплементација на Охридскиот договор како услов за добри меѓуетнички односи во земјата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...