fbpx

Апелација за случајот „Изгрев“: Предметот се враќа на повторно судење

-

Апелацискиот суд Скопје денеска до скопскиот кривичен суд ја доставил одлуката со која делумно се укинува пресудата за случајот „Изгрев“ и предметот се враќа на повторно судење, соопштија од судот.

„Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја достави пресудата со која жалбите на Основното јавно обвинителство, како и на обвинетите Димитар Миладинов, Георги Миладинов, Димитрија Голабоски, Сузана Блажеска, Димитар Савовски, Златко Формакоски, изјавени лично или преку нивните бранители, ги уважува, а пресудата од 28 мај 2014 година против истите, во одредени делови се укинува и предметот се враќа на повторно судење пред првостепениот суд“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Од судот информираат дека, според упатствата на Апелацискиот суд, новиот главен претрес пред првостепениот суд треба да се одржи пред целосно изменет совет.

Со пресудата на Апелација, жалбата на оштетената „ЛХБ Интернационална банка“ од Франкфурт се отфрла како недозволена, информираат од судот.

Судскиот процес за случајот „Изгрев“ почна во 2009 година, кога браќата Миладинови беа обвинети за финансиски малверзации и за манипулации со хотелот „Изгрев“, а за помагање, обвиненија беа покренати против неколкумина адвокати, судии, нотари.

Со првостепената пресуда, обвинетите добија затворски казни од девет месеци до две и пол години, на колку што беше осуден Георги Миладинов, додека неговиот брат Димитар Миладинов беше осуден на две години затвор, за кривичното дело перење пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...