fbpx

Штипските власти разгледуваат: Како до свеж капитал преку општински обврзници

-

Економскиот факултет од Штип преку научен проект ќе ги утврдува можностите на Општина Штип за прибирање свеж капитал преку издавање општински обврзници.

Научниот тим смета дека општините користат некреативен, класичен пристап на обезбедување дополнителни средства со задолжување преку кредитирање кај странски институции. Иако Заедницата на единиците на локалната самоуправа уште во 2011 година има издадено водич за општински обврзници, тој систем на задолжување кај општините речиси и да не функционира.

Денеска Општината Штип потпиша меморандум за соработка со Економскиот факултет, преку кој ќе се направи анализа на можностите за обезбедување капитал преку издавање општински обврзници.

Градоначалникот Илчо Захариев вели дека парите од обврзниците би можеле да бидат искористени за изградба на колектор за прочистување на отпадни води, брана или универзална спортска сала.

Според законските измени, општините можат да издаваат обврзници за изградба на инфраструктурни објекти или други потреби. Општината ќе ја враќа главнината на обврзниците двапати годишно.

Општината Штип има кредитен рејтинг Б1 и се смета дека е во добра кондиција. Сепак, градот враќа два земени кредити, од кои ефектите се минимални.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Словенечкиот премиер е надовор од животна опасност но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...