fbpx

Земјите од еврозоната порачаа: Грција мора да ја врати довербата

-

Претставниците на земјите-членки на еврозоната истакнаа дека Грција мора да ја врати довербата кај нив на тој начин што ќе ги спроведе реформите и така да отвори простор за преговори за нов финансиски пакет за зачувување на европската валута. Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, доби рок од три дена за да ги протурка во парламентот реформите што се однесуваат на приватизацијата, пензискиот систем, пазарот на труд и на данокот на додадена вредност.

Во пресрет на преговорите, кои почнаа денеска попладне во Брисел, лидерите на ЕУ и министрите на 19 земји-членки на еврогрупата рекоа дека ќе направат сè што е во нивна можност за Грција да остане во еврозоната.

Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека излегувањето на оваа медитеранска земја би претставувало европско „повлекување“ и додаде дека тоа би требало да се избегне.

Но, претставниците што ги предводи германската канцеларка Ангела Меркел јасно ставија до знаење дека Грција кај нив мора да ја врати довербата, откако граѓаните на референдум организиран од грчката влада ги одби условите на кредиторите.

– Најважната валута е изгубена, а тоа е довербата – рече Меркел и додаде дека тоа значи дека претстојат тешки одлуки и оти нема да има договор по која било цена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...