Кина: Шест загинати во експлозија во магацин за пиротехника

Шест лица загинаа, а десет се повредени при експлозија која настана во магацин за пиротехнички материјали во северната кинеска провинција Хајбеј.

Како што јави кинеската државна телевизија, од експлозијата се искршени прозорците на околните згради во радиус од еден километар.