fbpx

Грција се надева дека нема да ја исфрлат од еврозоната

-

Погледите во Грција остануваат завртени кон Брисел. Надежите се дека сценариото за излез од еврозоната полека избледува, пред сè, поради откажувањето на самитот на 28 членки на ЕУ, на чие место ќе се одржи само самит на лидерите на еврозоната. Овој чекор се гледа како прв сигнал дека постои можност да се избегне опасноста за напуштање на еврото, меѓутоа европските лидери јасно ѝ ставаат до знаење на Грција дека ја чека долг пат за да се врати нејзиниот кредибилитет и разрурнатата доверба во неа. Очекувањата се дека Еврогрупата денеска нема да излезе со некаков конкретен договор, туку ќе има некаков прелиминарен договор и насоки што ќе се издадат на самитот на лидерите на еврозоната, каде премиерот Алексис Ципрас ќе треба да се соочи одново со Ангела Меркел.

Сценаријата кои се слушаат се дека од Грција ќе се бара итно до крајот на неделата да усвои одредени мерки за да покаже дека е одлучена да го одржи ветувањето и да ги спроведе овој пат. Доколку тоа помине, би се одржале нови состаноци на еврогрупата, на кои ќе се даде зелено светло за преговорите и за постигнување нов договор.

Под знак прашалник е и што ќе се случува со владата во Грција, бидејќи владиното единство е разнишано откако двајца министри, претседателката на собранието и други 14 пратеници му завртеа грб на Ципрас при гласањето во петокот. Несигурно е колку ќе опстои и коалицијата со Независни Грци. Низ медиумите се слушаат шпекулации дека можни се две опции: или брза реконструкција, поминување на мерките и распишување избори од септември или, пак, формирање влада за национален спас, во која можеби би учествувале и партијата Река, ПАСОК и Нова демократија, кои дадоа поддршка за мерките, која ќе има конкретна цел – изгласување и спроведување на мерките, ќе биде со времетраење од неколку месеци и повторно распишување на избори од септември или октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...