fbpx

Реакција на Канцеларијата на ЕУ: Остануваме подготвени да помогнеме

-

„Запознаени сме со пораките од прес-конференцијата на лидерот на опозицијта, Зоран Заев, и остануваме подготвени да помогнеме“, се вели во првичната реакција на Канцеларијата на Европската унија во Скопје на прес-конференцијата на Заев.

На денешната прес-конференција, Заев изјави дека преговорите се неуспешни и дека Груевски не го почитувал договорот од 2 јуни. Лидерот на СДСМ најави дека ќе продолжат со објавување на „бомбите“ од проектот „Вистината за Македонија“.

Реакција на прес-конференцијата на Заев имаше и Европската комисија.

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, за „Мета“ изјави:

„Нашиот став е прилично јасен: итно ги повикуваме партиите да пронајдат компромис во интерес на земјата и на граѓаните. Договорот од 2 јуни ја нуди потребната основа, а останува уште едно крупно прашање да се договори. Нема време за губење“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Заспаната убавица“ ќе се изведе на 15 мај на „Мајски оперски вечери“

Безвременскиот класичен балет „Заспаната убавица“, со прекрасната музика на Петар Илич Чајковски ќе се изведе на 15 мај со почеток во 20 часот во рамките на меѓународниот фестивал 52....