fbpx

ПДП: Препораките на ЕК не се однесуваат на актуелната туку на идната транзициона влада

-

„Последниот извештај на „Фридом хаус“ за почитувањето на човековите права и слободи, владеењето на правото, како и за слободата на медиумите ги потврдува неодамна објавените констатации и заклучоци на експертската група на Европската комисија под раководство на Рајнхард Прибе дека Република Македонија е земја со ниски стандарди каде економскиот криминал, корупцијата, кршењето на човековите права и слободи, партизацијата на државните институции се секојдневна реалност“, се вели во соопштението на Партијата за демократски просперитет (ПДП), а во врска со актуелните случувања во земјава.

За објавениот „акционен план“ на Владата за имплементација на препораките на експертската група, од ПДП сметаат дека Владата препораките „ги разбрала погрешно“, бидејќи, според нив, тие не се однесуваат на неа туку на „идната транзициона влада“.

„Владата воопшто не требало да троши време во составување разни комисии за наводни реформи во институциите на системот. Најголемиот број забелешки од експертската комисија на Прибе не се однесуваат на реформите во законодавството туку на злоупотребата на институциите на државата од власта, преку учество на високи функционери во тие дејства“, стои во соопштението на ПДП.

Од партијата ги поздравуваат заклучоците на Советот на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) и ги повикуваат лидерите на политичките партии на итна имплементација на договорот од 2 јуни, „посебно на заклучокот околу организацијата на транзиционата влада за организирање на предвремени парламентарни избори“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...