недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ПДП | 14 резултати

ПДП ќе ги поддржи протестите на албанскиот опозициски совет во Скопје

мај 8, 2016

Партијата за демократски просперитет (ПДП) ќе учествува на утрешниот протест во Скопје кој го организира албанскиот опозициски совет. Партијата ќе поддржи, како што истакнаа на денешната прес-конференција, секое друго протестирање кое има цел да придонесе за политички промени во земјава и за уривање на, како што рекоа, авторитарниот режим. – Го повикуваме нашето членство на […]

За најгорливите проблеми во Тетово протестираа едвај педесетина граѓани

октомври 9, 2015

Тетовци му дадоа мала поддршка на денешниот протест под мотото „Стоп за хасот во Тетово“. На протестот кој се одржа на градскиот плоштад, дојдоа околу 50, претежно, повозрасни лица. Велат дека е крајно време да се испрати порака за запирање на аерозагадувањето, лошата урбанизација и на недостигот од вода. Зачудени се што големите проблеми за кои […]

ПДП: Дали Питер Фејт сака да го спаси Али Ахмети?

септември 29, 2015

„Проширувањето на Охридскиот договор не може да го направи политичка партија која треба да биде предмет на истражување од Специјалниот обвинител поради аферата „Маѓар телеком“ и другите афери од објавените „бомби“ ниту, пак, лидер кој не може да се појави слободно пред своите гласачи“, се вели во писмената реакција на Партијата за демократски просперитет (ПДП), по веста […]

ПДП: Зошто се заострени односите на релација Влада – Европска енергетска заедница?!

септември 17, 2015

ПДП преку писмено соопштение прашува зошто Владата заради либерализацијата на струјата е влезена во конфликт со Европската енергетска заедница и со Европската унија. Најстарата политичка партија на Aлбанците бара одговор од властите, како дошло до ублажување на конфликтните односи на релација Влада – ЕВН и дали зад сцена може да експлодира некоја тајна соработка меѓу […]

ПДП: Владата да престане со неконтролирано трошење народни пари

септември 9, 2015

„Владата да ги почитува препораките од комисијата на европскиот експерт Рајнхард Прибе и препораките на ММФ и да престане со понатамошна партизација на државата. Исто така да престане со неконтролирано трошење на народните пари“, повика денеска Партијата за демократски просперитет. Од ПДП сметаат дека на една држава, која секој месец редовно се задолжува пред меѓународните и […]

ПДП и „Беса“ бараат демократизација на Македонија со една изборна единица

август 29, 2015

Движењето „Беса“ и ПДП побараа големите политички партии да се заложат Македонија да биде една изборна единица со отворени листи. На тој начин, според нив, малите политички партии нема да добијат повеќе пратенички места, но од суштинска важност е дека со предложениот модел, македонското општество ќе се демократизира. – Со сегашниот изборен модел, малите партии […]

ПДП: Препораките на ЕК не се однесуваат на актуелната туку на идната транзициона влада

јуни 26, 2015

„Последниот извештај на „Фридом хаус“ за почитувањето на човековите права и слободи, владеењето на правото, како и за слободата на медиумите ги потврдува неодамна објавените констатации и заклучоци на експертската група на Европската комисија под раководство на Рајнхард Прибе дека Република Македонија е земја со ниски стандарди каде економскиот криминал, корупцијата, кршењето на човековите права […]

Протестен марш на „Беса“: Oставки на Груевски и на Ахмети и нов договор за државата

јуни 13, 2015

Со говори на активисти, политичари, лица од невладини организации, на бина поставена на почетокот на мостот Гоце Делчев, во близина на Владата, заврши денешниот мирен протестен марш на политичкото здружение „Беса“. На протестот, демонстрантите упатија три барања: „оставка од антиалбанската, инкриминирана и корумпирана влада на Никола Груевски и на Али Ахмети, расветлување на сите албански […]

ПДП ја поддржува „Беса“ за организирање сенароден протестен марш

јуни 6, 2015

Партијата за демократски просперитет ја поздравува иницијативата на движењето „Беса“ за организирање сенароден марш против диктатурата, противзаконските политички притвори, забраната на слободата на мислењето, крајното осиромашување на населението, корумпирање и партизација на судскиот систем, инсталација на организираниот криминал, феномени кои се практикувани од владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. „Партијата за демократски просперитет силно го […]

ПДП: Оставките се за поздравување

мај 13, 2015

Партијата за демократски просперитет преку писмено соопштение ги поздравува одлуките за оставки на министерката за внтарешни работи, Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, и на директорот на УБК, Сашo Мијалков, иако, како што се наведува соопштението, тие оставки се со големо задоцнување. Од партијата овој чин го сметаат за придонес и за вовед […]

Страна 1 од 1