fbpx

Повеќе од 1.000 Руси се борат во редовите на Исламска држава

-

Повеќе од 1.000 Руси се борат во редовите на Исламска држава и напорите што се прават за да се запре регрутирањето доброволци за оваа терористичка организација не се доволни, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев.

– Мислам дека повеќе од 1.000 руски државјани се борат во редовите на Исламска држава. Има уште илјада луѓе од другите земји од Централна Азија, Западна Европа и од САД – изјави Патрушев.

Според Патрушев, начинот на кој се запираат регрутациите, укажува на двојните стандарди на Западот спрема терористичката организација.

– Кога Исламска држава се бори против сирискиот претседател Башар ал-Асад, тогаш САД им дава поддршка, а истовремено ги бомбардираат нивните позиции. Така ќе биде и понатаму ако не се прекине со тие игри – изјави Патрушев.

Според неговите зборови, борците на ИД стануваат најопасни кога се враќаат во своите татковини.

– Тие како локални жители многу лесно се вклопуваат во општеството и само навидум ги почитуваат сите закони и правила. Сепак, во дадени моменти, терористичките лидери можат да ги искористат за изведување терористички напади – рече Патрушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...