fbpx

„Апокалиптика“ во октомври во Скопје, билетите во продажба

-

Во Скопје, на 17 октомври, доаѓа финската метал-група „Апокалиптика“, на концерт во рамките на својата светска турнеја, со која го промовира актуелниот албум „Shadowmaker“.

Oсмиот студиски албум на групата е објавен на 17 април, содржи десет нови песни и првпат го вклучува вокалот Френки Перез, кој со групата настапува во живо на оваа турнеја.

„Апокалиптика“ ќе настапи во СРЦ Кале на 17 октомври (сабота).

Билетите се веќе во продажба, по цена од 700 денари за партер и 900 денари за трибини. Можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за се“.

Ова е второ гостување на „Апокалиптика“ во Скопје, по настапот во 2006 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“

Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да...