fbpx

2.474 компании сè уште не избрале снабдувач на струја, крајниот рок е 31 март

-

Од 1 јануари 2019 година пазарот на електрична енергија е целосно либерализиран, но 2.474 потрошувачи сѐ уште не го избрале својот снабдувач на струја. Крајниот рок за тоа е 31 март годинава. Станува збор за група на компании со просечен број на вработени 50 или повеќе и со вкупен годишен приход поголем или еднаков на 2 милиона евра.

„Либерализација на слободниот пазар на електрична енергија се одвива успешно и до сега на пазарот се излезени 3.718 потрошувачи, плус 839 потрошувачи од снабдувач во краен случај. До крајот на март годинава, согласно Законот за енергетика, на слободниот пазар треба да излезат уште околу 2.500 правни субјекти со што практично ќе се заокружи процесот на либерализацијата. Ги повикувам останатите субјекти, посебно јавните претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините, што поскоро да распишат тендер и да излезат на слободниот пазар. На нашата веб страна ним им е достапна целосната тендерска документација која може да се преземе како урнек.“, соопшти на прес конференција Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Тој додаде дека од оваа обврска се изземени градинките, домовите за стари лица и интернатите кои спаѓаат во категоријата на јавен интерес, како дека изборот на снабдувач на струја посебно е поволен за општинските државни претпријатија кои со тоа значително ќе си ги намалат трошоците за јавно осветлување.

За државните компании кои работат со загуба набавната цена на 1 мгвч струја е 9 денари, наспрема 2 денара за другите, затоа што снабдувачите го пресметуваат ризикот од неплаќање. Доколку овие компании не излезат на пазарот, ќе бидат исклучени од струја иако, според Бислимовски, можно е евентуално пролонгирање на рокот за оваа категорија потрошувачи.

Либерализацијата на пазарот донесе низа поволности, како на пример, оние компаниите кои веќе излегоа на слободен пазар добија пониски сметки за струја, додека цената на струјата за домаќинства е најниска во Европа. Според податоците објавени на страницата swich.mk на РКЕ, која е агрегатор на понудите на компаниите снабдувачи, најниската понуда за потрошувачите приклучени на 0,4 кв напонско ниво е за 29 отсто пониска од понудата од Универзалниот снабдувач, односно од регулираната цена, која во исто време се покажа како одличен модел за домаќинствата што ја нуди најниската цена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...