fbpx

Проверката на фактите е важна за секоја професија, не само за новинарството

Оваа година одбележувањето на овој ден е од особено значење за Фондацијата бидејќи порталот за јавна отчетност и транспарентност „Вистиномер“, од неодамна и официјално стана дел од Меѓународната мрежа за проверка на факти

-

Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) во соработка со сродните организации и членки од целиот свет денеска го одбележуваат Меѓународниот ден за проверка на фактите.

Повеќе години по ред Фондацијата „Метаморфозис“ го одбележува овој ден со серија активности во рамки на своите проекти, кои го вклучуваат порталот „Вистиномер“, „Сервисот за проверка на факти“, „Критинк – со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, како и преку своите два портала „Мета.мк“ и „Порталб.мк“.

Оваа година одбележувањето на овој ден е од особено значење за Фондацијата бидејќи порталот за јавна отчетност и транспарентност „Вистиномер“, од неодамна и официјално стана дел од Меѓународната мрежа за проверка на факти. Со тоа „Вистиномер“ стана верифициран потписник на Кодексот на принципи на мрежата и член на ексклузивната група од само 66 верифицирани портали за проверка на факти на светско ниво.

Замаглена е границата меѓу новинарските и другите содржини

Според извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, денеска е поважно од кога било порано сите кои професионално работат на создавање содржини да ги проверат и потврдат фактите пред да ги објават бидејќи линијата меѓу новинарските и другите содржини е замаглена.

– Проверката на фактите во денешното време е многу важна за секоја индустрија и за секоја професија, не само за новинарството. Метаморфозис во 2011 година започна со проверка на фактите во изјавите и ветувањата на политичарите, па потоа од 2013 година започнавме и со проверка на факти во медиумите за да продолжиме со едукација и примена на критичкото размислување како начин за спротивставување на ефектите од дезинформациите во медиумите – вели Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“.

Денот на проверката на факти – 2 април, кој се одбележува веднаш после првоаприлскиот „ден на лагата“, претставува глобален повик на акција за повеќе факти во политиката, новинарството и секојдневниот живот.

Членките на IFCN сметаат дека проверката на фактите не треба да биде нешто што го прават само професионалните новинари и проверувачите на факти во редакциите. Постоењето вистински меѓународен екосистем кој креира и дистрибуира точни и проверени информации изискува сите да си го завршат својот дел од работата.

Метаморфозис“ од 2011 година работи на проверка на факти

Фондацијата „Метаморфозис“ работи на специјализирани проекти за проверка на факти уште од 2011 година со креирањето на „Вистиномер“, како сајт за јавна отчетност и транспарентност, чии главни активности вклучуваат проверка на вистинитоста на изјавите што во јавноста ги даваат избраните и именуваните функционери, како и проверка на остварувањето на предизборните ветувања на политичките партии.

Понатаму, од 2013 до 2017 година „Метаморфозис“ работеше и на „Сервисот за проверка на факти во медиумите“, кој беше објавуван во рамките на истоимениот проект, a чија главна задача беше рецензирање на новинарски производи според претходно утврдена методологија со цел утврдување на нивната вистинитост, но и пошироко утврдување дали доследно се следат професионалните стандарди.

Од 2018 година Фондацијата започна да го спроведува и проектот „Критинк – со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, чија главна цел е ширење на медиумската писменост во земјата преку редица едукативни и информативни содржини и алатки, кои се објавуваат и преку порталот на проектот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...