fbpx

Заев со второ писмо го известува Иванов дека не прифаќа аболиција

-

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му испрати второ писмо на претседателот Ѓорге Иванов, во кое му соопштува дека ниту бара, ниту прифаќа аболиција.

Ова писмо на Заев следува откако претседателот Ѓорге Иванов во обраќање пред јавноста соопшти дека не ја повлекува одлуката за аболиција со која се опфатени 56 политичари и блиски соработници.

– Не сме сите исти и не сме криминалци. Јас сум невин и својата невиност ќе ја докажам на суд, низ соодветна процедура. Не сакам вооопшто да бидам аболиран, ниту помилуван. Не дозволувам да бидам ставен во ист кош со вистинските криминалци во власта – се вели во писмото на Заев.

Тој бара веднаш да бидат поништени одлуките за помилување од 12 април и Иванов да поднесе неотповиклива оставка на функцијата, која,, како што пишува во писмото, е „узурпирана на недемократски и наместени избори“.

Заев укажува дека одлуките за помилување, претседателот ги донел надвор од законските норми, без да има законска основа за тоа.

– Членот 11 од Законот за помилување од 1993 година, на која се повикувате, веќе не е на сила – пишува Заев во писмото.

Лидерот на опозицијата, го потсети Иванов дека во Собранието е иницирана постапка за негова одгворност, која била потпишана од 53 пратенции, а незадоволството го искажаа и голем број граѓани кои неколку дена протестираат на улиците низ повеќе градови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...