fbpx

Заев: Очекувам денеска да има конечен договор

-

Има сериозно приближување на ставовите на двете политички партии во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред средбата со европратениците од сестринските партии.

– Очекувам денеска да има конечен договор за обврските што сите си ги презедовме со Договорот од Пржино. Како што знаете, изборниот законик е договорен, како и анкетната комисија која е врзивно ткиво со законот за влада. Очекувам овие денови да има договор, но тоа зависи од сите преговарачи на маса. За нас алтернатива не постои. Сите опции се отворени, но ние веруваме во Договорот од Пржино – изјави Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека му е драго што се спроведува законот за специјален обвинител.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.