Премиерот Зоран Заев апелираше до пратениците дека имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет.
– Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор – напиша Заев на неговиот фејсбук-профил и на „Твитер“.
На вчерашната 92-седница, Владата ја донесе одлуката за уставните измени, односно во Собранието да ги достави измените за кои ќе бара поддршка. Тоа се случува во период кога уште не е дефинирано дека е подготвен теренот за менување на Уставот, оти за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, односно 80 пратеници.
Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор. pic.twitter.com/b3f6aRrJ5i
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 8, 2018