fbpx

Во Валандово ќе има референдум за рудниците

-

Советот на Општина Валандово на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и едногласно ја донесе одлуката за негово распишување.

На ред е потпис од градоначалникот Николче Чурлиновски по што, во рок од 40 дена, би се одржал и референдумот.

На референдумот граѓаните на општина Валандово ќе се изјаснат дали се за или против продолжување со работа на рудникот Казандол и дали се за или против отворање рудници за метални минерални суровини на територијата на општина Валандово.

На седницата што ја закажаа една третина од членовите на Советот, затоа што претседателката Јасмина Сечкова одби да ја закаже, не присуствуваа советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Советниците донесоа одука и за обезбедување 1, 2 милиони денари од буџетот на Валандово за одржување на референдумот. За претседателката Јасмина Сечкова денешната одлука е нелегитимна.

„Го изодевме најдолгиот пат, а најтешкото допрва следи. Продолжуваме храбро, гордо и одлучно оти какви ќе бидеме сега, такви ќе останеме довека“, велат активистите од иницијативата откако беа информирани за одлуката на Советот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...