Во Приштина претепана политичарка и новинарка


       
Приштина, 13 мај, 2017 - 14:39 (META) 

Новинарката, и од неодамна член на Демократската партија на Косово, Арбана Џара, синоќа пред полноќ е физички нападната од неколку лица во Приштина.

Во тешка состојба била пренесена во Универзитетската болница и според последните информации, нејзината здравствена состојба е стабилна.

Џара, која е поранешен главен уредник на приштинскиот весник „Зери“, и претходно добивала закани.

Во врска со нападот врз Џара регираше претседателот Хашим Тачи, кој на својот профил на „Фејсбук“ пишува дека е вознемирен и загрижен поради нападот врз новата членка на ДПК, дека нема оправдувања за нападот и бара итно расветлување на случајот.

„Целосно е непрфатлива и е за секаква осуда примената на сила и за тоа нема оправдување. Како општество нема да дозволиме насилството да биде средство на изразување на наше незадоволство“, наведува Тачи.

Спред него, овој низок чин не е закана само за Арбана и за нејзиното семејство, туку и за начелата и за вредностите на демократијата врз кои се гради косовското општество.