fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да го сокрие фактот дека изборите беа криминални

-

„Ова се први избори во кои беше убиен директен учесник во изборниот процес. На кандидат за градоначалник му беше скршен черепот, а секојдневно пристигнуваат сведочења за закани со оружје, заплашувања и за поткуп“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, во Кавадарци.

„Лагите на Заев нема да го покријат фактот дека се одржаа најкриминалните избори досега. ДИК беше ставена под целосна партиска контрола, а нејзините членови, кои не ги слушаа наредбите на Заев, беа заплашувани со пријави и со обвиненија од СЈО. Ваквите криминални дејства еден ден ќе се истражат, документираат и за нив ќе има одговорност. Кавадарци ќе има можност да го даде својот глас против криминалот и лагите на Зоран Заев на 29 октомври“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...