fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ неосновано шири страв и паника за Дојранско Eзеро

-

Водата во Дојранско Езеро е комплетно исправна за капење и не претставува опасност по здравјето на граѓаните, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ по тврдењата на СДСМ дека министерот за здравство Никола Тодоров го доведува во директна опасност здравјето на граѓаните со тоа што тврди дека водата во езерото е исправна.

„Мерењата покажуваат дека во водата во Дојранско Езеро воопшто не се присутни бактерии кои би можеле да предизвикаат какви било штетни ефекти врз здравјето на луѓето. Министерот за здравство денеска јасно и прецизно го истакна овој факт, кој е во согласност со постојните стандарди и директиви на Европската Унија за квалитет на површинските води, како и со стручните мислења од врвни експерти во областа. Изјавата на министерот за здравство дека водата во Дојранско Езеро е безбедна за капење, се базира исклучиво на добиените анализи од примероците на вода, директивите на Европската Унија за квалитет на површински води, како и стручните мислења на експертите во оваа област“, се вели во реакцијата.

Од владејачката партија наведуваат дека СДСМ и понатаму може да продолжи со своите познати и проѕирни тактики на креирање неоснован страв и паника кај населението.

„За разлика од СДСМ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со години наназад презема мерки за ревитализација на Дојранско Езеро, зголемување на водостојот, поставување на колекторски систем, урбано уредување на плажите и на околината, како и за одржување на добри санитарно-хигиенски услови на истите. Проекти и мерки кои за времето на владеење на СДСМ биле научна фантастика. Врвен приоритет на Министерството за здравство е заштита на здравјето на населението во Република Македонија и во кој било случај, доколку постои и најмала опасност по здравјето на граѓаните, Министерството за здравство веднаш ги презема сите неопходни и превентивни мерки“, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ го оставила Дојранско Езеро и целиот Дојрански Регион во руинирана состојба и оти благодарение на работата на актуелната влада, Дојран повторно е на туристичката мапа на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...