fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Хидроелектраната „Тополка“ почна да се гради пред дозволениот рок

-

Фирмите на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кршејќи го Законот за градење, почнаа со градбата на хидроелектраната „Тополка“ една недела пред законски дозволеното, изјави на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека со тоа се докажало дека сè е однапред договорено и наместено, се знае кој ќе гради, кој ќе добие одобрение и дека фирмата на Анѓушев е таа која ќе заработи милиони.

– Имено, одобрението за градба издадено на 11 септември, станува правосилно на 26 септември, датум на кој може да почне изградбата, спротивно на тоа, фотографиите од терен кои ги видовме низ медиумите покажуваат дека фирмите на Анѓушев ја отпочнаа градбата уште на 20 септември. Иако медиумите и јавноста веќе алармираа за криминалот на Анѓушев толериран од страна на власта, ниту надлежниот инспекторат за градежништво, ниту надлежното јавно обвинителство не реагираат – вели Стојаноски.

Тој додаде дека Владата за случајот „Тополка“ веќе еднаш го прекршила законот, со тоа што дозволила во период пред избори да биде извршена пренамена на земјоделско земјиште во градежно, во спротивност со Изборниот законик.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните органи да го истражат целиот случај и да утврдат одговорност, како за одговорното лице, така и за надлежните во институциите кои го дозволуваат ова беззаконие“, рече Стојаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...