fbpx

Владината зграда утрово без натписот „Влада на Република Македонија“

-

Владината зграда осамна без натписот „Влада на Република Македонија“. Тој е отстранет од објектот на владата, најверојатно вчера.

На местото на главната зграда каде што беа буквите „Влада на Република Македонија“ сега е само фасадата премачкана со бела боја таму каде што претходно беа буквите, но јасно се чита дека досега таму стоел натпис.

Пред главната зграда сега течат подготовки за церемонија за кревање на НАТО знамето, откако Македонија во средата го потпиша Пристапниот протокол.

Се очекува денеска да почне промената на натписите и таблите на државните органи и Собранието.

Денеска треба да бидат поставени и првите табли со „Северна Македонија“ на граничните премини, а првиот ќе биде граничниот премин „Богородица“, главниот премин на границата со Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...