fbpx

Владимир Путин е најмоќна личност според „Форбс“

-

Според најновата листа на најмоќни личности на магазинот „Форбс“ за 2015 година, рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа на првото место трета година по ред. По него се лидерите на Германија и на САД.

– Путин и понатаму е еден од малкумината кои се доволно моќни да го прават тоа што го сакаат и тоа да „им помине“ – наведува „Форбс“ во своето објаснување.

На второ место е најмоќната жена, германската канцеларка Ангела Меркел, која годинава забележа скок од петтото место на кое беше минатата година.

Таа, како што пишува „Форбс“, е столб на 28 членки на Европската унија и е одлучна во решавање на проблемите со бегалците што доаѓаат во Европа, а и влијаеше врз решавањето на грчката финансиска криза.

Американскиот претседател Барак Обама, според „Форбс“, го губи своето влијание и се ноѓа на третото место.

Папата Франциск е на четврто место, а на петто е кинескиот претседател Си Џинпинг.

Критериумите по кои личностите се рангираат се однесуваат на тоа дали остваруваат власт над голем број луѓе, со колкави финансиски средства располагаат, дали се влијателни во повеќе сфери и дали активно ја спроведуваат власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...