fbpx

Владата донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат денови на жалост

-

Владата на вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат денови на жалост поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.

Премиерот Зоран Заев по завршување на седницата соопшти дека бројката на загинати се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот.

„Автобусот се движел на релација Скопје-Тетово, несреќата е кај село Ласкарци. Неутврдени се причините, истрагата е под раководство на надлежниот обвинител. Денеска е завршена на лице место, продолжува, и веднаш штом ќе заврши, ќе бидат соопштени сите факти и детали за причините за случувањето на оваа тешка сообраќајна несреќа. Автобусот поминал директно на спротивната страна, ја поминува спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината. Интервенциите беа брзи на сите институции, вклучително МВР и државните болници, но и сите приватни болници коишто промтно и безпоговорно веднаш ги испратија сите свои ресурси“, соопшти Заев како се случила несреќата.

Тој најави дека ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе се донесат и одлуки за поддршка на семејствата на починатите.

На деновите на жалост, знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...