Претседателот на државата Ѓорге Иванов изрази сочувство по сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци во која загинаа 14 лица.
-Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување – вели Иванов.
Длабоко жалење за несреќата изрази и бугарскиот премиер Бојко Борисов и упати сочувство до семејствата на загинатите патници и желби за побрзо оздравување на повредените.