fbpx

„Виз ер“ од и до Македонија превезла 2 милиони патници

-

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ превезла два милиона патници до и од Македонија откако почнала со работа во 2011 година.

– Со основањето на нашата база во Скопје и со континуираното ширење на нашата нискобуџетна мрежа, отворивме голем број локални работни места, во исто време поттикнувајќи ги туризмот и воздухопловната индустрија. Сега имаме три воздухоплови базирани во Скопје, а секој од нив е опслужуван од македонски екипаж што го говори локалниот јазик и нуди одлична услуга при секој лет. И понатаму ќе нудиме ниски цени и најдобри услуги за на најдобар начин да излеземе во пресрет на потребите на македонските патници – изјави комерцијалниот директор на „Виз ер“, Ѓeрѓ Абран.

Според бројот на превезени патници, компанија има 49,2 проценти пазарен удел на двата македонски аеродрома во 2015 година. Нуди нискобуџетни линии до 24 дестинации од скопскиот и од охридскиот аеродром, притоа поврзувајќи ги македонските граѓани со 11 држави.

„ТАВ Македонија“ ја заврши 2015 година со пораст од 22 проценти на вкупниот број на патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, достигнувајќи бројка од 1.560.381 патник. Истовремено, вкупниот број на воздухопловни операции беше 15.510, со пораст од 11 проценти на годишно ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...