Уапсени тројца Косовци кои планирале напад на Венеција


       
Венеција, 30 март, 2017 - 13:44 (META) 

Тројца мажи, по потекло од Косово, се уапсени во италијанскиот град Венеција, а се верува дека станува збор за припадници на терористичка група, пишува италијанскиот весник „Република“.
Косовците се уапсени за време на полициска акција кај театарот „Фениче“. Полицијата соопшти дека уапсените имале важечка дозвола за престој во Италија и дека најмалку двајца работеле како келнери во едно градско кафуле.
Во тек е претрес на 12 локации, од кои 10 се во строгиот центар на Венеција.

„Кориере дел Венето“ јавува дека уапсените планирале да го дигнат во воздух најпознатиот и најстар мост во Венеција, Ријалто, кој сегашниот облик го добил уште во 1591 година.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунјаро, изјави дека е уапсен и еден малолетник, но неговата националност засега не е позната.

Италијанската полиција во последната година уапси неколку осомничени исламски екстремисти, вклучувајќи и лица кои се обвинети за регрутација на борци за џихадистите во Сирија и во Ирак, за радикализирање на други лица и за планирање напади во Италија.