fbpx

Тодоров: Секој пациент што нема да биде прегледан во „Мој термин“ да донесе оправдување

-

Секој пациент којшто нема да биде прегледан во терминот закажан преку „Мој термин“ кај доктор специјалист или супспецијалист или ќе биде прегледан со задоцнување за кое не постојат објективни и оправдани причини, да достави известување во писмена форма или усно да се оправда во записник до раководителот на одделот истиот ден, а најдоцна следниот ден.

Вакво ново правило предлага министерот за здравство, Никола Тодоров, за проектот „Мој термин“ кој тој го промовираше пред неколку месеци.

Но, по реакциите од стручната јавност, има и други предложени измени – докторот специјалист ќе има право да го одложи почетокот на закажаниот преглед, односно интервенција најмногу за 15 минути од терминот закажан преку „Мој термин“, или за повеќе, доколку за тоа постојат оправдани причини, како што се прием на итен случај, привремена спреченост за работа поради болест, повреда на здравствениот работник, неисправност на медицинската опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...