По три дена откако се намалени цените на 434 лекови кои граѓаните можат да ги купат во апетеките, иако поевтинуваат некои од најчесто користените лекови, тоа не предизвика редици пред аптеките.
Во аптеките велат дека потрошувачката се одивава нормално, исто како и сите други денови и дека нема зголемена побарувачка на лековите кои од 1 ноември беа поевтинети.
– Побарувачката е иста како и секој друг ден и нема зголемено побарување на поевтинетите лекови. Пензионерите сè уште не ги подигнале пензиите, па затоа денеска немаме некоја особена турканица како за почеток на месецот – велат од „Еурофарм“.
Од најчесто пропишуваните лекови што граѓаните ги земаат во аптека, според системот за закажување и евиденција „Мој термин“, намалени цени има кај лековите за болка „диклофенак“ и „кетопрофен“ од нестероидните антиинфламаторни, од антибиотиците кај „амоксицилин“, „ампицилин“, „азитромицин“ и „цефалексин“, а од од антихипертензивите „лосартан“ и „амлодипин“.