САД: Затворска казна за летање дронови на стадион

дрон на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија

Американската сојузна управа за авијација (ФАА) забрани летови на дронови и слични беспилотно летаа во близина на стадиони.

Организацијата, исто така, најави и едногодишна затворска казна за сите што ќе го прекршат законот.
ФАА ја донесе одлуката од страв дека дронот би можел да се урне во публиката за време на натпревар. Забраната се однесува на околу 150 стадиони во САД, кои можат да примат најмалку 30.000 гледачи.

Беспилотните летала минатиот месец се најдоа во центарот на вниманието на јавноста кога за време на натпреварот меѓу Србија и Албанија, над теренот се појави дрон со знаме на таканаречената „голема Албанија“, по што следеа инциденти.