fbpx
Таг: Ургентен центар

таг: Ургентен центар

Новогодишната ноќ помина мирно, граѓаните ги почитувале мерките за заштита од ковид-19

Дочекот на 2021 година во земјава поминал мирно, покажуваат извештаите на здравствените власти и на МВР. Во Ургентниот хируршки центар за време на новогодишната ноќ извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 колку што имало во изминатите години, информираат од Министерството за здравство. Десетина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу...

Отворен Ургентен центар, реновирано акушерското и амбулантскиот оддел во Прилеп

Денеска во Прилеп е пуштен во работа нов Ургентен центар, реновиранo e акушерскoто oдделение и амбулантскиот оддел во општата болница „Борка Талески“. Со овој проект квалитетна и брза здравствена заштита ќе добиваат не само граѓаните на Прилеп, туку и од поширокиот регион. - Во центарот ќе има амбуланта за преглед на пациенти, просторија за реанимација за згрижување на рани, како...

Нова монтажна модуларна болница поставена до Инфективната клиника

Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, денеска ја посетија монтажната болница, поставена до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Монтажните модули се набавени и поставени со финансиска поддршка од Швајцарската амбасада, со што во најкраток временски рок се дуплирани капацитeтите на Инфективната клиника,...

Осумдесет и четиригодишен скопјанец ги застрелал сопругата, ќерката и внукот

Осумдесет и четиригодишен скопјанец попладнево, околу 13 часот, пукал во својот дом и ги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот, а потоа се самоубил, јавува „Телма“. Полицијата го потврдила инцидентот, кој се случил на улицата Хо Ши Мин, во општина Бутел. Застреланиот внук, кој бил на 32-годишна возраст, според првичните информации, им подлегнал на повредите на самото место, а сопругата...

Едно лице почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово

Попладнево, околу 18 часот, едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје - Тетово, на надвозникот за село Добарце. Несреќата се случила кога, од засега непознати причини, автомобил „цитроен ц3“ со тетовски регистарски таблички излетал од патот. Во несреќата починал 68-годишниот тетовец М.Т., кој од ударот излетал од автомобилот. Во сообраќајната несреќа, тешки телесни повреди добил и 74-годишниот тетовец...

Скопјанец со убодни рани на грбот и на градите, донесен во Ургентен центар

Со две убодни рани, на градите и на грбот, неконтактибилен, вчера во Ургентен центар е донесен 32-годишниот скопјанец А.С., соопшти СВР Скопје. Тој е во животна опасност и е без свест, а полицијата работи на откривање на околностите за обид за убиство.

Убиен мигрант во тепачка во Белград

Еден мигрант е убиен, а еден повреден во тепачка меѓу мигранти во Зелен венец, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“. Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека се уапсени пет мигранти, осомничени дека учествувале во тепачка и дека кај нив биле пронајдени ножеви. Повредениот мигрант бил превезен во ургентен центар. Српското МВР соопшти дека до тепачка дошло околу 15 часот,...

МВР информираше за сообраќајката, но не и за пукањето и за бркотниците по Партизанска

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со информација за синоќешниот инцидент на булеварот Партизански одреди, во кој беше ранет скопјанецот Даниел Трајковски, но во неа, освен превртувањето на возилото и тоа дека Трајковски имал тешки повреди од огнено оружје, нема детали за пукањето и за бркотницата со автомобили. Според МВР, за случајот полицијата била информирана од Ургентниот центар, од каде...

Груевски најави изградба на ургентен центар и на две градинки во Куманово

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Куманово соопшти дека за десет дена ќе почне изборот на изведувач за градежните работи за изградба на ургентен центар во Куманово, а до крајот на годината ќе почне и самата изградба. Груевски соопшти дека главниот проект е готов и оти се завршени сите подготвителни работи за изградбата на објектот, што ќе чини околу 48...

Момче загинало на Водно во сообраќајка со мотоцикл

Дваесет и две годишно момче загинало на локалниот пат Скопје - Средно Водно откако синоќа, околу 23.15 часот, управувајќи мотор удрило во метални еластични браници. Скопјанецот, роден 1994 година, управувал мотоцикл марка „сузуки 750“. Момчето било префрлено во Ургентен центар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по извесно време им подлегнало на повредите.

Автомобил усмрти пешак во Ѓорче Петров

А.М.(1990), управувајќи автомобил „цитроен Ц4“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешакот В.Ч (1967) на улица Ѓорче Петров кај „Бау маркет“. По сообраќајната несреќа што се случила синоќа, пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Работник загина во рудникот за мермер „Сивец“

Четириесет и осумгодишен прилепчанец К.П., вработен во рудникот „Сивец“ вчера бил тешко повреден, кога мермерна плоча паднала врз него и го потиснала. Работникот, како што информираат од полицијата, им подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Скопје. Несреќата се случила околу 10.30 часот во близина на рудникот во селото Присад, каде при сечење на мермерни плочи, една од нив паднала...

Скопјанец претепан во ТЦ „Чаирчанка“

Ноќеска, околу 1.30 часот, од Ургентниот центар во полиција било пријавено дека кај нив е донесено лице со тешки повреди по телото. Според полициските информации, станива збор за 27-годишниот А.А. од Скопје, кој бил физички нападнат во трговскиот центар „Чаирчанка“ во населбата Чаир. Лекарите кај А.А. констатирале тешки телесни повреди. Од полицијата велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Тепачка меѓу мигранти во Ваксинце, еден тешко повреден

Синоќа, околу 22.35 часот жител на кумановското село Ваксинце пријавил тепачка во која учествувале 10 до 15 мигранти. Во меѓувреме, од кумановската болница во полициската станица во градот било пријавено дека кај нив бил донесен 25-годишен државјанин на Пакистан со повреди од остар предмет во градниот кош. Поради сериозноста на повредите, Пакистанецот, како итен случај, бил пренесен во Ургентниот центар...

Петгодишно дете, тешко повредено во пожар во Битола

Петгодишно дете било тешко повредено во пожар што вчера, околу 16 часот, од засега непознати причини, избувнал во куќа на улицата Мукос во Битола, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кај детето биле констатирани тешки телесни повреди на рацете, нозете и лицето и е во животна опасност. Детето по укажната лекарска помош во Клиничката болница во Битола било префрлено во...

Полицаец повреден во судир меѓу камион и возило на МВР кај Католичка црква

Полициски службеник е повреден во сообраќајна несреќа што денеска, околу 13 часот, се случи на кружениот тек кај Католичката црква во Скопје, при судир на камион и на возило на МВР, соопштија за „Мета“ од СВР Скопје. Од ударот полициското возило се превртело на коловозот од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, а во тек е увид на полицијата што треба да ги...

Тројца од повредените полицајци во Бутел пуштени на домашно лекување

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го посетил полицаецот Т. П. во Ургентниот центар во Скопје, при што му посакал брзо закрепнување. Од МВР, информираат дека во синоќешните настани во Бутел биле повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. - Полицајците беа повредени откако група од неколку стотини граѓани се обиде да го пробие...

Едногодишно девојче рането со огнено оружје во Кичево

Вчера, околу 13 часот, лекар од медицинскиот центар во Кичево во локалната полициска станица пријавил дека кај нив било донесено едногодишно девојче со прострелна рана во десната натколеница, нанесена од огнено оружје, информираат од МВР. По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, девојчето било пренесено во Ургетниот центар во Скопје. Во полициската истрага било утврдено дека истиот ден, околу 12.30...

Малолетник прободен со нож во тепачка во центарот на Гостивар

Шестнаесетгодишно момче од гостиварското село Добридол било тешко повредено со нож, во тепачка меѓу две групи што се случила синоќа на улица во центарот на Гостивар, соопшти полицијата. Малолетникот околу 19.25 часот бил донесен во Медицинскиот центар во Гостивар со убодна рана во стомакот, а поради сериозноста на повредата е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Според полициските информации, тепачката се...

Малолетник го удрила струја додека се фотографирал на вагон

Четинаесетгодишно момче вчера, околу пладне, настрадало од струен удар додека се обидувало да се фотографира качено на платото од вагон-цистерна на железничката станица во Велес, соопшти полицијата. Детето веднаш било префрлено во медицинскиот центар во Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и изгореници, поради што било пренесено во Ургентниот центар во Скопје. „Во 12.05 часот, на железничката станица во...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...