Нова монтажна модуларна болница поставена до Инфективната клиника

-

Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, денеска ја посетија монтажната болница, поставена до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Монтажните модули се набавени и поставени со финансиска поддршка од Швајцарската амбасада, со што во најкраток временски рок се дуплирани капацитeтите на Инфективната клиника, информираат од Министерството за здравство.

– Монтажната болница до Инфективната клиника во Скопје e поставена во рамки на мерките преземени против корона вирусот. Тоа беше реализирано во рекорден рок од само 14 дена, иако рокот за изведба беше 21 ден. Таа ќе се користи како Ковид центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба – изјави министерот Филипче.

Станува збор за корисна површина од повеќе од 1.000 метри квадратни, каде се сместени простории за амбулантски и тријажен простор, како и други помошни простории, кои се функционално организирани, согласно специфичните протоколи и патеки за движење на здравствениот кадар и на пациентите.

– Со големо внимание ги следиме случувањата во земјата, и со задоволство прифативме да помогнеме на Министерството за здравство во доопремувањето на модуларната болница со „монтажни модули“, кои во соработка со Министерството за локална самоуправа, ги обезбедивме преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – изјави Сибил Зутер, амбасадорката на Швајцарија.

Монтажната болница има капацитет од 72 легла, целата структура е поврзана со „топла врска“ со зградата на Инфективната клиника, а во периодот кој следи ќе биде доопремена и со потребната немедицинска опрема.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...