fbpx

Отворен Ургентен центар, реновирано акушерското и амбулантскиот оддел во Прилеп

-

Денеска во Прилеп е пуштен во работа нов Ургентен центар, реновиранo e акушерскoто oдделение и амбулантскиот оддел во општата болница „Борка Талески“. Со овој проект квалитетна и брза здравствена заштита ќе добиваат не само граѓаните на Прилеп, туку и од поширокиот регион.

– Во центарот ќе има амбуланта за преглед на пациенти, просторија за реанимација за згрижување на рани, како и просторија за давање терапија односно дневна болница со шест кревети. Ургентниот центар е опремен со ЕКГ и ЕХО апарати, дефибрилатор, трипациент монитори, инфузиони пумпи и други апарати неопходни за првата ургентна интервенција. Во овој центар во смени ќе бидат ангажирани 12 доктори и 12 медицински сестри – истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски, на чинот на отворање на центарот.

Тој при тоа ја акцентираше владината поддршка на Општина Прилеп не само во овој, туку и во сите други инфраструктурни проекти коишто го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Според министерот за здравство Венко Филипче, со Ургентниот центар, болницата во Прилеп добива статут на современа европска здравствена установа.

– Во еден ваков момент на криза, станува јасно колку е битно јавното здравство и инвестициите во него, зашто може секому да му затреба здравствена помош. Во изминатите две години вработени се над 20 лекари, минатата година само на специјализација се пратени 15 лекари од болницата во Прилеп, платите на специјалистите секаде во Македонија, сега се меѓу 85 и 160 илјади денари. Со овие мерки, верувам дека ги одвративме младите лекари да ја напуштат нашата земја – истакна министерот Филипче.

Реновираното акушерско одделение во прилепската болница, впрочем ќе овозможи оптимални услови за сите родилки од регионот, зашто ќе има посебно соба за родилките, автоматизирани кревети, донација од турска компанија и целосно подобри услови за престој и нега на родилките во овој оддел. Во изминатите две години од 2017 година наваму во болницата преземени се градежни зафати, така што целосно се реновирани болничката аптека и био-хемиската лабораторија, а, сега и амбулантите за ортопедија, урологија, хирургија, нервна и детска амбуланта и реновирање на амбулантите по интерна медицина и општи болести. Набавена е опрема во вкупен износ од над 50 милиони денари.

– Целта е да се подобрат здравствените услуги за граѓаните од Прилеп и околниот регион. Напорите за ургентен центар се стари 15 години. Еве со наше залагање успеавме да го завршиме овој проект. Болницата за 2-3 години се опреми со опрема за сите одделенија. Само последниве шест месеци, набавивме многу опрема која што го подигнува квалитетот на здравствените услуги – истакна директорот д-р Драган Богоески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...