Скопјанец претепан во ТЦ „Чаирчанка“

Ноќеска, околу 1.30 часот, од Ургентниот центар во полиција било пријавено дека кај нив е донесено лице со тешки повреди по телото.

Според полициските информации, станива збор за 27-годишниот А.А. од Скопје, кој бил физички нападнат во трговскиот центар „Чаирчанка“ во населбата Чаир.

Лекарите кај А.А. констатирале тешки телесни повреди. Од полицијата велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.