Скопјанец со убодни рани на грбот и на градите, донесен во Ургентен центар

Со две убодни рани, на градите и на грбот, неконтактибилен, вчера во Ургентен центар е донесен 32-годишниот скопјанец А.С., соопшти СВР Скопје.

Тој е во животна опасност и е без свест, а полицијата работи на откривање на околностите за обид за убиство.