fbpx
Таг: театар

таг: театар

Единаесеттото издание на фестивалот АКТО годинава ќе се одржи во четири градови

Единаесеттото издание на АКТО Фестивалот за современи уметности, оваа година под мотото „Поп ап“ (Pop Up), или „Искрснување“, ќе се одржи во четири градови низ Македонија. Од 12 до 14 август фестивалот ќе се одржи во Битола, а потоа со нови содржини ќе продолжи во септември во Скопје, во октомври во Штип и во Тетово во ноември. Покрај секојдневната музичка...

Вечерва на „Охридско лето“ претставата „Бар Ремарк“

На музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“, публиката вечерва ќе може да ја проследи премиерата на театарската претстава „Бар Ремарк“. Претставата е работена по текстот „Тројца другари“ од Ерих Марија Ремарк, а ја режира Александар Бартман. Ја играат актерите од  Народен театар од Битола, на сцената во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток од 21 часот.

На „Охридско лето“ театарска претстава „Арторкестра“ од Букурешт

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ е театарската претстава „Арторкестра“ на Националниот театар „И.Л. Карагиале“ од Букурешт, во режија на Хорија Суру. Најавена е како хумористичната приказна, во која тројцата ликови се борат за непредвидливата патека која води кон сцената. Претставата е во рамките на „Младо театарско Охридско лето“, а ќе се одигра во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток...

Вечерва на „Охридско лето“ гостува Турскиот театар од Скопје

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Света Софија“, гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Комедија на грешки“ од Вилијам Шекспир, во режија на Коле Ангеловски. Текстот „Комедија на грешки“ е меѓу првите комедии што ги напишал Вилијам Шекспир и е базиран на постар текст од Плаут, од римско време, а за првпат е изведен во 1594 година. Инспирирана...

„Вдиши театар“ во Охрид

Од вечерва, со почеток во 20.30 часот, во Охрид ќе се одржува годинешниот Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“. Манифестацијата ќе биде свечено отворена во предворјето на црквата Св. Софија, со театарската претстава „Фортуна“, работена по истоимениот расказ од Живко Чинго, во изведба на аматерската актерска група на младите волонтери на Црвен крст од Охрид. Охриѓани, но и гостите, се до...

Почина актерот Велимир Бата Живоиновиќ

Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ починал синоќа во болница во Белград, на 83-годишна возраст, објавија српските медиуми. Големиот актер подолго време се бореше со болеста. Живоиновиќ глумеше во огромен број серии и филмови и повеќе од шест децении беше еден од најсаканите балкански глумци. Живоиновиќ се занимаваше со политика, а во неколку мандати беше и пратеник во српскиот парламент.

Претстава за предавството во штипскиот театар

Психолошкиот аспект на предавството и вечниот сомнеж на Македонецот за предавникот во себе, е основата на која е правена претставата „Суд“ по текст на Коле Чашуле, што премиерно ќе биде изведена в петок, во Народниот театар во Штип. Новата претстава ја потпиша младиот режисер од Штип, Дамјан Читкушев. - Станува збор за многу комплексно дело. Една од темите која Чашуле ја наметнува...

Почина актерот Ацо Јовановски

Синоќа во Скопје, на 85-годишна возраст, почина актерот Ацо Јовановски, бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го помина во Драмскиот театар од Скопје. Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 во Скопје. Тој е од првата генерација дипломирани актери, а во текот на својата богата кариера работеше во театар, на филм и во телевизија. Има одиграно...

„Кралски игри“ за власта и за љубовта, премиерно во Битолскиот народен театар

Власта и љубовта е темата на првата премиера на битолскиот народен театар за оваа година со наслов „Кралски игри“. Претставата е работена според истоимената пиеса на рускиот драматург Григориј Горин, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски. Режисерот Ѓорѓиевски вели дека ова е приказна за еден владател-апсолутист кој во своите раце ја држи целата световна и духовна власт. - Ова е приказна...

Сценографот Светозарев вторпат директор на битолскиот театар

Валентин Светозарев, поранешниот директор на Битолскиот народен театар, вторпат доби шанса да биде на чело на оваа национална установа во Битола. Светозарев, кој е сценограф по професија, пред шест месеци, во април годинава, му истече првиот мандат, така што во меѓувреме вршител на должноста беше костимографот Благој Мицевски. На почетокот од септември Светозарев се враќа во директорската фотелја. Челната позиција во битолскиот театар...

Охридскиот народен театар, учесник на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица

Охридскиот народен театар на годинешното издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, ќе учествува со своја претстава. На програмата на фестивалот, на 10 септември, в четврток, со почеток во 21 часот, охридските актери ќе ја играат претставата „Стари времиња“ во продукција на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, во режија на Нела Витошевиќ. Од Охрид, на фестивалот...

„Охридско лето“: Босански севдах и балканска традиционална музика со „Амира трио“

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на „Света Софија“, од 21 часот, публиката ја очекува средба со босанскиот севдах и со балканска традиционална музика. Настапува „Амира трио“ на вокалот Амира Медуњанин, а во кое се и Звонимир Шестак - контрабас и Анте Гело - гитара, и двајцата од Хрватска. На програмата се и неколку македонски обработки. - Се подготвуваме за...

„Многу врева за ништо“, празник за публиката на „Охридско лето“

Актерите од Народниот театар од Сомбор, Србија, на фестивалот „Охридско лето“ направија вистински празник за публиката, која до последно место го исполни гледалиштето во дворот на ОУ „Свети Климент Охридски“ за претставата „Многу врева за ништо“, во режија на младата Ана Ѓорѓевиќ. Актерот Саша Торлаковиќ спаѓа во редот на петте најдобри актерски имиња во Србија и е носител на повеќе...

Со „Стјуардеси“ почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Пред повеќе од 1.000 гледачи, почна вториот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, со претставата „Стјуардеси“ на Театар „Комедија“, на отворената сцена на фудбалското игралиште до детската градинка „Сонце“ во Реонски центар „Аеродром“. На фестивалот до 30 јуни ќе бидат прикажани уште осум претстави од македонските и од театри од регионот. Денеска на репертоарот е комедијата „Дамите бираат“ на...

Сашо Огненовски, ексдиректор на битолскиот театар, е невин што ги „закрпил“ со пари колегите

Поранешниот директор на битолскиот театар, Сашо Огненовски, е невин што со илјадници евра ги „закрпил“ колегите актери, кои не само што му позајмувале пари, туку за него подигнувале и кредити. Вака досудил Апелацискиот суд во Битола по процесот покренат од јавниот обвинител, во кој Огненовски се товарел за злоупотреба на службената должност и за измама. Ова денеска на прес-конфенреција во...

Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Признанието на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ се доделува по повод 50 години од неговото постоење, особено за неговите исклучителни резултати во успешното презентирање, негување и во промовирање на македонското драмско творештво, а со тоа и афирмација...

„Хепи енд“ премиерно во битолскиот театар

Претставата „Хепи енд“ од авторот Идо Нетанјаху, во режија на Благој Мицевски, е најновата премиера на Битолски народен театар, која премиерно ќе биде изведена в недела, на 14 јуни, во 20 часот. Драматургијата ја изработи Оливера Павловиќ, а музиката е на Марјан Неќак. Оваа драма зборува за животот на едно еврејско семејство во 1932 годоина во Берлин, Геманија, и за нивната судбина...

Почина актерот Благоја Спирковски-Џумерко

Неповторливиот македонски актер, Благоја Спирковски - Џумерко, почина денеска на 69-годишна возраст. Тој одигра голем број театарски и филмски улоги, а најзапаметен ќе остане по изведбата на ликот на Итар Пејо во „Солунски патрдии“. Благоја Спирковски - Џумерко беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до своето пензионирање. Остави значаен белег во македонската култура со улогите остварени во бројни...

Претставата „Геноцид“ на Љубиша Георгиевски премиерно во Битола

Битолскиот театар привршува со подготовките на новата премиера „Геноцид“ во режија на Љубиша Георгиевски. Оваа драма во седум слики ни ги прераскажува сите наши приказни за уривањето, за злосторствата, за мирот и за војната, за вистината и за лагата. За мажот и за жената, за човековите страсти и порази, за погубноста на погубувањето, стои во најавите на БНТ за оваа премиера. -...

Во месецот на театарот, сите претстави по 100 денари

По повод март, месецот на театарот, во Драмски театар секој ден ќе има по една претстава за која билетите ќе чинат 100 денари доколку се купат до денот на претставата, а на денот кога ќе се игра, билетите ќе чинат 150 денари. Директорот на Драмски, Роберт Вељановски, вели дека во март ќе има најмалку 31 претстава, за што очекува голем одѕив...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...