fbpx
Таг: театар

таг: театар

„Торонто експрес“ го отвара театарскиот репертоар на МНТ за 2022 година

Репертоарот на Македонскиот народен театар во 2022 година започнува со претставата „Торонто експрес“ чија успешна премиера за прв пат се случи во декември кон крајот на минатата година. Маестралната изведба на актерот Александар Микиќ е закажана за утре, вторник во 20:00 часот на Малата сцена во МНТ и среда со почеток во исто време. „Торонто експрес“ или како што уште е...

Отворен повик за автори на новата македонска театарска порака за 2022 година

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА отвара повик до целата театарска заедница во Република Северна Македонија, театрите, драмските академии, фестивали, организации/независна сцена да предложат театарски уметници - автори на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот - 27 март 2022. Предложените претставници и пораки ќе влезат во натамошниот избор-селекција од страна на Програмскиот одбор на Македонскиот центар - Интернационален Театарски Институт. Секоја институција,...

Крушево конечно со театарска и кино сала

Крушевчани конечно имаат свое кино и сала за театарски претстави. Со ставање на новите модерни седишта во мултифункционалната сала од реконструираниот објект на горната училишна зграда во Крушево создадени се сите услови, овде да се вршат кино-проекции и да се изведуваат театарски претстави. За таа намена веќе е инсталирана стандардизирана аудио и видео опрема во салата, така што слободно може да се рече дека успешно се...

Отворен е повикот за учество на Драмскиот аматерски фестивал 2021

ДАФ
Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објави повикот за избор на претстави кои ќе настапат на годинешното, 58 издание на фестивалот. Како што се посочува во повикот, право на учество на ДАФ – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно...

Ковид-19 за околу 40 отсто го намали бројот на прикажани претстави во театрите, но и на посетителите

Пандемијата со ковид-19 ги ограничи физичките групирања, а со тоа и несомнено влијаеше врз функционирањето на многу институции, вклучувајќи ги и уметничките. Театрите во државава беа затворени уште во март, со што целосно се стопираше нивната работа. За ова говорат и податоците од Државниот завод за статистика, кои и меѓудругото го опфаќаат периодот кога се појави ширењето на корона...

Театар во време на корона: Драмски може да прими најмногу 62 постители на претстава, а МНТ до 120

Неодамна повторно се отворија театрите кои поради пандемијата, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, во март мораат да стават клуч на вратите. Овој пат, со нови услови за работа актерите се вратија на сцената. Со новите препораки, културни настани на затворено може да се организираат со 30 отсто од капацитетот на местото каде што се одржува...

Вујошевиќ: Уметноста мора да влијае и бутка во акција, а пандемијата не е изговор за пасивност на театарот

„Разговори за театарот во време на пандемија“ е еден обид да се сублимираат сите состојби на умот и душата на уметникот и професорот во едно кризно време, вели Слаѓана Вујошевиќ, актерката која во текот на пандемијата успеа да реализира преку 30 разговори со своите колеги актери, режисери и професори и заедно со нив да дискутира за актуелната ситуација со...

Со пренос во живо вечерва ќе се одигра претставата „Иднината е приватна“

Вечерва со почеток во 20 часот во денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) актерите ќе ја одиграат претставата „Иднината е приватна“, а сите заинтересирани ќе може да ја проследат истата во живо на платформата Basita.live. „Актерите ќе играат во присуство на максимум тројца гледачи, физички присутни во истиот простор со нив, додека истовремено ќе се случува и пренос во...

Во понеделник започнува Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

ДАФ
Со монодрамата „Лидија, или сè што знам за жените“ која ќе биде изведена пред Споменикот на слободата во Кочани, во понеделник започнува 57 издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. Пандемијата со корона вирусот ги промени плановите на организацијата, па, наместо во мај, како што беше досега, фестивалот ќе се одржи во септември и октомври. Поради новонастанатата ситуација, претставите ќе...

Театар Комедија од денеска започнува со проби на отворено

Театар Комедија информира дека од денеска започнува со проби на отворено, а воедно и со подготовки за претставата „Си беше еднаш“ во режија на Синиша Евтимов. Како што велат оттаму, пробите ќе се одвиваат на отворено со почитување на сите мерки и протоколи. „Кон крајот на септември следува премиера, а започнуваме и со репертоар, исто така според сите мерки и протоколи,...

„Илузии“ – прва онлајн претстава на независниот Wonderland Theatre

Независниот „Wonderland Theatre“ на 11 јуни ќе ја има својата прва онлајн театарска претстава насловена „Илузии“ по мотиви на истоимениот текст на Иван Вирипаев. Претставата ќе може да се проследи на нивниот Youtube канал. Улогите ги играат Ивана Павлаковиќ, Драгана Лошкова, Никола Насотски и Исмет Шабановиќ. Режијата е на Нела Витошевиќ, видеото го монтира Васил Христов, а за музиката задолжен...

Дел од театрите размислуваат за претстави на отворено, но ги чекаат препораките од надлежните

Theater / Photo: Unsplash
Поради пандемијата, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, се затворија кината, театрите, музеите и сите други институции каде што може да се одржуваат масовни собири, настани, концерти и други културно информативни настани. За време на карантинот, во најразличните уметнички изведби може да се ужива од дома преку дигиталните платформи и YouTube каналите. Во Северна Македонија, театрите го...

Културни работници бараат професионален театар во Кочани

Со список со потписи, дваесетина културни работници и уметници од Кочани и формално ја поддржаа иницијативата за основање на професионален театар во Кочани. Градот има државен аматерески фестивал, аматерска театарска сцена од која произлегле повеќе значајни имиња. На листата со потписи се актерот и пантомимичар Трајче Георгиев и ѕвездата на македонскиот филм „Исцелител“, Благој Веселинов. На неформалната средба што се...

Почина актерката Љупка Џундева

Почина познатата театарска, филмска и телевизиска актерка Љупка Арсова - Џундева, на 84-годишна возраст, соопшти Македонскиот народен театар. „Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е...

Почина Горан Стефановски

Во Велика Британија синоќа ненадејно, на 66 годишна возраст, почина познатиот македонски драматург Горан Стефановски. Тој беше универзитетски професор и еден од најплодните драмски автори во македонската историја, автор на познатите драми „Диво месо“, „Лет во место“, Дупло дно“ и „Тетовирани души“. Беше и еден од креаторите на детската ТВ серија „Бушава азбука“ која се емитуваше на Македонската радио телевизија....

Премиера на „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски во прилепскиот театар

На сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” утре со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Првата реприза е закажана за задутре во 20 часот. Оваа претстава на прилепскиот театар претставува второ поставување на култниот роман „Пиреј” од Петре М. Андреевски на театарска сцена. Драматизацијата ја изработи Љупчо Ѓеоргиевски во соработка со...

Туск во Софија на бугарски ги воспеа и им го направи ќеифот на Бугарите

Добро е што еден од приоритетите на бугарското претседателство е иднината на Западниот Балкан, порача вчера на бугарски јазик претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, говорејќи на церемонијата за бугарското претседавање со Советот на ЕУ, која се одржа во театарот „Иван Вазов“ во Софија, јавуваат бугарските медиуми. Говорот го одушеви и Џејмс Крисп, дописникот на лондонски „Телеграф“ од Брисел, кој...

Протест против одлуката на жирито на театарскиот фестивал во Прилеп

Ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп на синоќешното затворање на истоимениот фестивал, протестираше против одлуките на жирито. Во име на актерите од ансамблот, Владимир Ѓорѓијоски кажа дека публиката заслужува многу повеќе од каприците и од личните интереси на членовите на жирито, јави „Десет без десет“. Тој вели дека се поклонуваат на публиката како единствен меродавен оценувач, со надеж дека нештата...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот на тој начин што ќе се играат претстави и ќе се чита пораката посветена на сценската уметност. Автор на светската порака е француската актерка, Изабел Ипер, а македонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички директор на Народниот театар од Битола. -Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме благодарејќи му нему. Театарот е...

Со доделување на актерската награда, вечерва завршува фестивалот „Ристо Шишков“

Вечерва во Струмица на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ќе биде доделена единствената награда за актерско остварување. Во игра за златниот медаљон на Шишков се 61 актер од 14 одиграни претстави во изминатите пет фестивалски денови. Најчесто споменувано име за медаљонот е босанскиот актер, кој работи во Виена, Австрија, Зијах Соколовиќ. Тој синоќа со овации и со три биса...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...