fbpx
Таг: ракети

таг: ракети

Десетина ракети испукани на Дамаск

Бунтовниците денеска испукале десетина ракети на централниот дел на Дамаск, во пресрет на посетата на шефот на иранската дипломатија, објавија активистите и сириските државни медиуми. Во бомбардирањето загина најмалку едно лице, а повредени се 20, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џевад Зариф, треба денеска од Бејрут да пристигне во Дамаск,...

Израел го бомбардираше појасот Газа

Израелските воздухопловни сили бомбардираа „терористичка инфраструктура“ во појасот Газа откако рано утринава една ракета беше истрелана на Израел од палестинска територија, соопшти армијата. Ниедна организација во Газа не ја презеде одговорноста за рекетирањето. Воениот портпарол на Израел смета дека Хамас е одговорна за тој инцидент. Се верува дека за ракетите можеби се одговорни радикални исламистички организации и дека рекетирањето на Израел е...

Путин: Руската војска наскоро ќе добие интерконтинентални ракети

„Годинава 40 интерконтинентални проектили од нова генерација ќе влезат во состав на вооружувањето. Тие се во состојба да ги пробијат најсовршените системи за противракетна одбрана“, рече Путин на отворањето на меѓународниот форум „Армија-2015“, објави „Руска реч“. Путин најави дека во наредните неколку месеци ќе биде извршено тестирање на радар со долг радиус, што треба да го потврди владата и дека...

Пакистан тестираше ракетен систем

Пакистан успешно тестирал балистичка ракета со среден дострел, која може да носи нуклеарна боева глава, соопшти пакистанската војска. Балистичката ракета „гаури“ може да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави, а има домет од 1.300 километри. „Целта на тестирањето на ракетниот систем „Гаури“ е да се испита неговата оперативна и техничка подготвеност“, се наведува во соопштението на војската. Официјален Исламабад пред еден месец...

Северна Кореја истрела седум ракети земја-воздух

Седум ракети земја-воздух, Северна Кореја истрела во море. Операцијата ја набљудувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Ракетите се истрелани синоќа од локација во близина на градот Сондок, во источниот дел на Северна Кореја. На Корејскиот Полуостров зголемени се тензиите поради заедничките воени вежби на САД и на Јужа Кореја, кои Пјонгјанг ги осудува и ги смета за проба за инвазија.

Украина: Седум цивили загинаа при напад на Краматорск

Најмалку седум цивили денеска загинаа во гранатирањето на источниот украински град Краматорск, со што бројот на жртвите во последните 24 часа се зголеми на 21. Нападите доаѓаат еден ден пред состанокот во Минск, на кој европските, руските и украинските челници треба да го договараат мировниот план, кој се смета за последна шанса за мир. Како што соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко,...

Иран покрена нов радарски систем

Иран активира нов радарски систем со голем дострел, способен да детектира мали беспилотни летала и балистички ракети, соопштија иранските медиуми. Дометот на новиот систем е поголем од 2.500 километри, јави иранската агенција „Фарс“. Иран од 1992 година ја иницира домашната индустрија за одбрана, која произведува лесно и тешко вооружување од минофрлачи и од торпеда, па до тенкови и подморници. Иран, исто така располага со...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...